Регионални Шелтер центар за бездомни кучиња и Центар за стари и за лица со посебни потреби, само два приоритети на Форумот на заедниците
Ова беа само две од повеќето предлози на учесниците на Форум на заедниците што денеска се одржа во Велес и се однесува на приоритети што можат да се финансираат од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Големиот број на бездомни кучиња на улиците во сите девет општини на Вардарски регион беше причина за предлогот за изградба на Регионални шелтер центар додека ставањето во функција на објектот на поранешниот хотел „Вила Зора“ како Регионален центар за потребите на старите лица, чии деца се исселени од државата а тие се сами и не можат да се грижа и за лицата со посебни потреби.
Учесниците исто така дадоа десттици предлози од заштита на животна средина, од образование, од спорт, од туризам итн.
Се се случуваше на две форумски сесии, првата поддржана од Министерство за локална самоуправа, Швајцарска развојна фондација во 62 милиони денари додека втората поддржана од Министерство за локална самоуправа и и Бирото за регионален развој со буџет од 18 милиони денари.
-Целта на овие форумски сесии е да се детектираат проблеми со коишто се соочуваат сите граѓани во регионот и да се пронајдат решенија но да бидат со регионално значење. Затоа денеска учествуваа претставници на сите општини во Вардарски плански регион и ги соопштија проблемите со коишто се соочуваат и мислам дека ќе избереме соодветни регионални проекти,, рече в.д директорката Татјана на Вардарски плански регион.
Експерт ги слушаше предлозите на претставниците на општините, граѓанските организации и образовните институции како и на јавните претпријатија. Сега следи експертската анализа на база на соодветна документација за потребите на проектите од страна на општините за да се поднесат кај донаторите. Проектите ќе се избираат на втора форумска сесија во наредниот месец.
Убавка Јаневска