Уште две жртви на грип
Објавено: 27 февруари, 2014, во 14:18 часот
Двајца мажи на возраст од 63 и 47 години кај кои е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А, починаа во текот на вчерашниот и денешниот ден на Клиниката за инфективни болести во Скопје, јави А1.он. Со нив досега во оваа сезона има девет жртви на грипот.
Пациентите, соопшти Министерството за здравство, подолг период (околу 20-тина дена) биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања.
Едниот пациент имал билатерална бронхопневмонија, дијабетес и хронична срцева слабост, а другиот – хроничен бронхит, бронхопневмонија и акутна бубрежна слабост.
Институтот за јавно здравје денеска соопшти дека вкупниот број на заболени од грип во Македонија од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 18.882 или 37,9 отсто повеќе истиот период во претходната година.
