10 отсто раст на просечна нето плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 110.
-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација 28.3 %, Финансиски дејности и дејности на осигурување 24.1 % и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 21.4 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување 21.3 %, Уметност, забава и рекреација 3.4 % и Земјоделство, шумарство и рибарство 2.9 %.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2021 година, изнесува 42.441 денари, информираа од ДЗС.
