298 нови случаи, пријавени 6 починати лица од Ковид-19

Објавено на 16 декември, 2021 во 16:04

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 335 оздравени пациенти и во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 77г до 85г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.