АМСМ: На ГП Табановце и ГП Богородица се чека до еден час
Објавено на 19 јули, 2023 во 09:29
На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради асфалтирање, денеска, продолжуваат да бидат затворени за сообраќај делниците Велес – Градко во периодот од 08:00 – 18:00 часот и Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот.
Дума.мк