АМСМ: На „Табановци“ се чека околу еден час а на Богородица до еден час

Пoради случена сообраќајна незгода кај с.Тајмиште на магистрален пат Кичево – Гостивар и магистрален пат Гостивар – Кичево е во прекин од 07:30ч.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 01.07. почнуваат сезонските забрани за тешки товарни возила.
– Забрана за движење на тешки товарни возила на државните патишта во РМ.
– Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
