АМСМ: Поради ниски температури можна е појава на голомразица
Објавено на 14 јануари, 2022 во 09:39
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Поради ниските утрински температури наместа е можна појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.