АМСМ: Прекин и наизменично одвивање на сообраќај на два патни правци

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, утре, втрорник, 14 септември, поради изведување градежни работи на пат, поточно минирање, бушење на косини на пат во двата правци, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11.00ч – 14.00 часот во времетраење од 15 – 20 минути.
Од петокот, на 10 септември и во наредните 10 дена на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост поради изведување градежни работи, поточно, асфалтирање, собраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
