АМСМ: Регионалниот пат од село Извор кон Прилеп не е прооден
АМСМ информира дека сообраќајот на Плетвар е нормализиран.
Поради асфалтирање, регионален пат P1102 Велес – Градско од 12.07. до 22.07.2023 година во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворен за сообраќај.
Поради асфалтирање, од 06.7. до 20.7.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 09:00 – 15:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од настанатите поплави на 14.06.2023 година во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.
Почнувајќи од 08.04.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3,5тона.
Дума.мк