Автобус излетал од патот Битола-Прилеп има и повредени
Објавено на 23 февруари, 2023 во 13:19

На 22.02.2023 во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А.(50) од Битола, изгубил контрола и излетал од патот.
-Во несреќата, Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телени повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, пишува веб порталот Апла.мк.
Дума.мк
