„Банка за храна“ со хуманитарна акција за засегнатите од пожарите и екипите што се вклучени во справувањето

Објавено на 7 август, 2021 во 15:39

Невладината организација „Банка за храна” започнува со хуманитарна акција за помош на волонтерите и дежурните екипи што се вклучени во секојдневните акции за смирување на пожарите на територијата на државата, како и поддршка за жителите од загрозените подрачја.

Како што информираат од Општина Центар, сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании што сакаат да се вклучат во хуманитарната акција, може да ги остават своите донации во општината, секој работен ден од 8 до 15 часот, или да се јават на телефонскиот број 076 313 383.

Дополнуваат дека „Банка за храна” во соработка со Општина Центар, до сега има обезбедено пакети со вода и прехранбени производи со поддршка од општествено одговорни компании и хумани граѓани и апелираат до сите граѓани и компании да се вклучат во хуманитарната акција која започнува во понеделник и заеднички да помогнеме за полесно справување со алармантната ситуација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.