Бесими: Владата размислува за создавање еколошки такси

Објавено на 11 јуни, 2021 во 13:44

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели  дека Владата се уште нема донесено одлука за воведување еколошка такса за дизел горивата.

-Во интерес на јавноста, се прават сеопфатни анализи во поглед на еколошката агенда за зелена транзиција и инвестирање во обновливи извори на енергија  и создавање на еколошки фонд на ниво на Влада за зелен развој. Не се работи за зголемување на акцизата, туку за еколошки такси меѓу кои се размислува и за нафтените деривати, за кои се уште нема одлука на Владата, рече Бесими.

Тој додаде дека откако ќе се завршат сите анализи, ќе се дискутира со сите чинители вклучувајќи ги и стопанските комори.

Во однос на можно намалување на ДДВ за електричната енергија тој рече дека се уште нема одлука, но дека Владата ги следи барањата на пошироката јавност и состојбите на пазарот на електрична енергија. Претходно ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека се воведува нов данок при увоз на дизел гориво, со што дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.