БРО ги обезбеди сведителствата и дипломите за учениците
Бирото за развој на образованието (БРО) ги обезбеди свидетелства за сите ученици во државата. Причина за тоа беше долгата постапка на јавна набавка за печатење педагошка евиденција и документација. Документи за завршено образование во јуни добија само полуматурантите и матурантите зашто им беа потребни за уписи.
– Бирото достави свидетелства до сите училишта што побараа, а им беа потребни на учениците заради преселба или заминување во странство. Свидетелствата за сите други одделенија и паралелки ќе им бидат доставени на училиштата од 17 август, по што наставниците и професорите ќе можат да ги пополнат и евидентираат постигнувањата на учениците, а датумот за давање на свидетелствата на учениците ќе го одредат училиштата или општината, информираа БРО.
Од таму нагласијат дека свидетелствата и дипломите за завршено образование се бесплатни за сите ученици и дека ниту еден родител и ученик не треба да плати за документот, поточно наставниците немаат право да наплатуваат за нив.