Царовска: Само наставата со физичко присуство може да го постигне максималниот потенцијал кај учениците

Објавено на 30 август, 2021 во 13:07

Само наставата со физичко присуство може да го постигне максималниот потенцијал кај учениците. Доколку пандемијата заземе поинаков тек и доколку Комисијата препорача други мерки, тогаш сме подготвени да ги префрлиме наставниците и учениците во хибриден режим или целосно онлајн, кажа денеска  министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа вели дека денеска ќе има средби со директорите на сите средни училишта од Македонија, но дека на таа средба ќе се раговара само за спроведување на мерките за заштита од Ковид-19 и подготвеноста на училиштата тоа да го овозможат.

-Промена на моделот ќе има само кај средните училишта во Тетово и Гостивар, но само затоа што локалниот кризен штаб од Тетово побара двонеделна онлајн настава поради преоптовареност на болницата, кажа Царовска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.