Четвртиот бран зема замав, сѐ повеќе млади заболуваат од ковид

Објавено на 26 август, 2021 во 09:57

Тетовскиот ковид центар вчера соопшти дека починало 21-годишно момче кое било третирано со антивирална терапија по најновите протоколи за лекување, но оти неговиот организам бил отпорен на терапијата.

-По официјални анамнестички податоци што ги имаме, се работи за лице без никакви коморбидетети. Неофицијално, по претпоставка се сомневаат за некаков синдром, според искуството на лекарите, изјави вчера коодинаторот на ковид центарот д-р Гзим Нуредини.

Според Министерството за здравство, сѐ повеќе млади се на удар на четвртиот бран на пандемијата и развиваат тешка клиничка слика. Апелираат младите да се вакцинираат.

-Потпирајќи се на природниот имунитет и добрата здравствена состојба, младите лица ја одбиваат или пролонгираат имунизацијата, со што се изложуваат на значително висок ризик од инфекција, а во случај на заразување сè почесто развиваат и тешки симптоми и компликации, бидејќи не се соодветно заштитени, нагласуваат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.