Циклонален вртлог во Македонија ни носи нови врнежи од дожд и од снег

Објавено: 29 јануари, 2026, во 08:03 часот

„Во овие утрински часови во Македонија имаме претежно облачно време без изразен ветер со температури над нула. Сепак полека од југ и од југозапад кон Македонија се приближува нов бран на врнежи.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија до 4 часот утринава.

Под влијание на циконска активност која од Џеновскиот залив полека се преместува кон Јонско море и јужен Јадран повторно ќе услови да се формира нов бран на врнежи односно влажен воздушен бран кој денес четврток 29 јануари и во текот на ноќта кон петок 30 Јануари во Македонија на повеќе места ќе предизвика нови врнежи од дожд во градовите а на планините со над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег.

Локално за време на овој  нов бран на врнежи се очекуваат околу 15 литри воден талог на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.

И во Скопје  и околината ќе има повремен дожд со слаб до умерен интензитет а на околните повисоки планини ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите тие денес, четврток, 29 јануари, ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 6 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.