ЦУК: 1.509 повици за итни случаи на 112, неколку пожари во населени места, а пожари на отворено нема
Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за упраување со кризи, од вкупниот број 1.509 повици на Единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 43,27%, а 56,73% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
Според распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 59,17% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 31,65%, кон пожарникарите биле упатени 1,38%, а кон АМСМ 0,46%. Кон Центарот за управување со кризи имало 7,34% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 56,73%, „неитни повици“ (вкупно заедно 872) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Пожари на отворенп, не се регистрирани, но имало пожари во населени места, од коишто ги издвојуваме два, во Охридско и Демирхисарско.
Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид, од 00:40 минути по полноќ до 04:00 часот утрово, со 7 пожарникари и 3 ПП возила интервенирале на запалени три објекти на ул.Гоце Делчев бр.189 во Охрид. Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.
РЦУК – Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Демир Хисар, од 08:10 до 08:45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле опожарен помошен објект во с.Кутретино.
Дума.мк