ЦУК: 1.534 повици на Единствениот број за итни случаи 112
Според последниот извештај, имало вкупно 1.534 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот џа управување со кризи. „Реални“ повици за итни случаи биле 41,85%, а 58,15% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите и институциите коишто се за итно интервенирање во Системот за управување со кризи.
Распределбата, согласно генералната природа на настаните, била следната: кон Полиција биле упатени 45,91% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 48,64%, a кон пожарникарите биле упатени 2,27%.
„Кон Центарот за управување со кризи имало 3,18% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 58,15% неитни повици“, (вкупно 899 повици) биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.Интервенции за гаснење пожари на отворени и во урбани средини имало, но во помал обем и други интервенции од друг вид зашто го издвојуваме Тетово,“ соопшти Центар за управување со кризи.
Дума.мк