ЦУК: 1.654 повици на 112, покрај дождот имало два пожара на отворено
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај имало вкупно 1.654 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, а имало информации и за два пожара на отворено и покрај дождот и влажното време во меѓу многуте други други информации од ангажманот на институциите во Системот за управување со кризи во државата.
„Реални“ повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 40.21%, а 59.79% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, распределбата на повиците за итни случаи, , била следната: кон Полиција биле упатени 51.49% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 39.57%, кон пожарникарите 3.40 %, а кон АМСМ биле упатени 0.46%.
Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 5.11 % од „реалните“, што секако заедно со другите 59.79% „неитни повици“ (1.048 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Регионалниот ЦУК Битола, известува за два пожара на отворено. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола вчера од 09:30 до 11:50 часот, со едно ПП возило и два пожарникара гаснеле запалена ниска шума, вегетација и багреми на патниот правец Битола – Охрид (кај с.Ротино).
На вториот пожар на отворено интервенирале пожарникарите од ТППЕ Прилеп, во период од 16:20 до 19:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари при што гаснеле запалено стрниште во реонот на селата с.Веселчани и с.Загорани. Исто така, во изминатото деноноќие имале уште четри помали интервенции поради запалени оџаци, контејнери и електросповорни жици и слично.
Дума.мк