ЦУК: 1 825 повици на 112 во последното деноноќие, 10 пожари на отворено од коишто еден се уште се евидентира како активен
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 825 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,35%, а 56,65% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,06%, кон Итната медицинска помош 38,71%, а кон пожарникарите 1,43%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, 1 046 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,79% и на 56,65% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК) во ЦУК. За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите и служби во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
Имаше 10 пожари на отворено во последното деноноќие од коишто еден до утрово се уште се евидентира како активен. Конкретно, Регионалниот ЦУК (РЦУК) Охрид, известува дека пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод вчера во 18:10 часот имале пријавен пожар на отворен простор високо во планина на месноста „Брајча“ помеѓу селата Крушје и Томино Село, каде што се претпоставува дека гори папрат и ниска вегетација. Во текот на утрово и денешниот ден е планирано да се направи попрецизна проценка на ситуацијата за евентуално дејство.
За изгаснати пожари на отворено известуваат: РЦУК Штип, РЦУК Скопје и РЦУК Куманово за по еден, РЦУК Охрид и РЦУК Тетово за по два и РЦУК Битола за три изгаснати пожари на отворено.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк