ЦУК: 1.840 повици на 112 во последното деноноќие

Објавено на 25 јануари, 2024 во 09:30

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.840 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,70%, а 61,30% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

-Кон Полиција биле упатени 52,42%, кон Итната медицинска помош 39,92%, кон пожарникарите 4,43%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 3,23% со другите 61,30% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 1.136 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање, соопштуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација.

-За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, додаваат од ЦУК.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.