ЦУК: 1.873 повика за итни случаи на 112 во последното деноноќие, нема пожари на отворено, но има четири интервенции за гаснење запалени оџаци
Од 1.873 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 44,26%, а 55,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64,86%, кон Итната медицинска помош 32,43%, кон пожарникарите 1,02%, а 0,67% кон АМСМ од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, вкупно на број 1.047 повици што се за комбинирано решавање (2,07% од „реални“ повици, заедно со другите 55,92% што се именувани како „неитни повици“), биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација, секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
Инаку, вчера немало регистрирани пожари на отворено, но имало дури четири регистрирани пожари на оџаци, покрај други ПП интервенции во населени места. Конкретно, пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 18:25 до 19:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Цане Илиевски“ бр.97 во Прилеп. Од ТППЕ Охрид во период од 11:40 до 12:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид. Штипските пожарникари од 14:20 до 15:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на објект на ул. „Енгелсова“ во Штип и пожарникарите од ТППЕ Куманово од 14:05 до 15:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Есперанто“ бр.21. Овие пожари на оџаци можат да „преминат“ на објект, куќа, што понекогаш и се случува, па затоа е пожелно граѓаните редовно да ги чистат.
Дума.мк