ЦУК: 1.917 повици на 112 во последното деноноќие, најмногу за Полиција и апел да не се палат предмети и депонии на отворено за време на продолжениот празничен викенд

Објавено на 29 декември, 2023 во 08:57

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1.917 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, „реални“ повици биле 38,18%, а 61,82% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. 

Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 63,57%, кон Итната медицинска помош 30,93%, а кон пожарникарите 2,41% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,09% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 36,28%, вкупно 1.194 заедно, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако со стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).

Апелираме да не се палат, за време на продолжениот празничен викенд, стрништа и остататоци од земјоделски култури на нивите, потоа, пластични и гумирани работи, отпадоци и секако депонии на отворено, особено во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава.

Се уште има пожари на отворено. Пожарникарите, во последното деноноќие, од Скопје, Гевгелија и Струмица интервенирале на најмалку три такви пожари. Гаснеле запалена ниска вегетација, а во во Скопско, гаснеле и запалена депонија кај месноста „Вардариште“ во Општина Гази Баба.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.