ЦУК: 1.918 повици на 112 во последното деноноќие, се уште има пожари на отворено
Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.918 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 34,52%, а 65,48% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-Кон Полиција биле упатени 53,73%, кон Итната медицинска помош 33,73%, а кон пожарникарите 8,24% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 4,31% со другите 65,48% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.266 на број и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи, додаваат од ЦУК.
Пожари на вегетација на отворено според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното неделно деноноќие имало девет пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.
-Инаку, пожарникарите истовремено гаснеле пожари и во урбани средини. ЦУК информира дека за пожар на повеќе куќи во скопско Драчево, биле ангажирани голем број ПП возила и пожарникари. Конкретно Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје од 17.25 до 03.00 часот утрово гаснеле запалени бараки, куќи, на ул. „Бранко Заревски“ бр.36 во населбата Драчево, Општина Кисела Вода. Пожарот бил проширен на околните три бараки. Интервенцијата ја извршиле со 8 ПП возила и 30 пожарникари. До утринскиот извештај ЦУК нема пристигнато информација за материјалната штета, зафатената површина, а и за причината за пожарот. Најверојатно истрагата ќе се врши подоцна,додаваат од ЦУК.
ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и секако граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари, а секако да бидат внимателни и при прошетките во природа, бидејќи на повисоките места во планински осои се на многу места замрзнати, oсобено на почетокот и на крајот од денот.
Дума.мк