ЦУК: 1.919 повици на Единствениот број за итни случаи 112, во последното деноноќие и еден пожар најверојатно со последици по животот на едно лице
Утрово во 06:33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови. Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице.
На терен излегле и екипи од Итна медицинска помош и од МВР. Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила. Инаку, подетални информации за пожарот може да се добијат од БППЗ на Град Скопје.
Од 1.919 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 32,20%, а 67,80% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,85%, кон Итната медицинска помош 41,88%, кон пожарникарите 0,85%, а 0,43% кон АМСМ од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, на број 1.308 повици (заедно од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,99% со другите 67,80% што се именувани како „неитни повици“), биле предмет на примање, а и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација, секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
Центарот за управување со кризи потсетува и апелира за превентивно дејствување против пожаари, секако според препораките на пожарникарите, а и индивидуалните согледувања од страна на граѓаните за можни можности за евентуален пожар на куќи, станови и други објекти.
Дума.мк