ЦУК: 1.966 повици на 112, до утрово имало вкупно 18 пожари на отворено
Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 966 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 32,21%, а 66,79% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-Кон Полиција биле упатени 60,32%, кон Итната медицинска помош 32,79%, а кон пожарникарите 4,05% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,83% со другите 60,32% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 320 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи, пишува во соопштението на ЦУК.
Исто така, ЦУК информира дека имало вкупно 18 пожара на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.
-Конкретно, согласно известувањата од регионалните центри за пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Скопје и РЦУК Тетово бележат по четири, РЦУК Битола, РЦУК Штип и РЦУК Куманово по три и РЦУК Струмица информираше за еден пожар на отворено. Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации, додаваат од ЦУК.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк