ЦУК: Покрај врнежите од дожд пожари и вчера гаснеа пожарникарите во државата
И покрај поројните локални дождови и влажното време во државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) бележи дека вчера имало четири (4) пожари на отворено и сите се изгаснати, согласно извештаите од Секторот за операции и координација(СОК), а дека во саботата на Единствениот број за итни случаи во ЦУК имало над двојно повеќе повици од вообичаеното за координирање и решавање комбинирани случаи, кога повеќе институции од Системот за управување со кризи (СУК) е потребно да реагираат на повик на граѓаните. За тоа најверојатно најмногу придонесоа локалните поројни дождови што почнаа од петокот, покрај други локални случувања.
Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, вчера од 18:30 до 20:30 часот, со четири пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалено стрниште и околна вегетација, на површина од 2.000 m2 во атарот на селата Горно Коњаре и Катлановска Сушица, покрај стариот пат за Свети Николе во Општина Петровец. На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, првично, беше добиена дополнителна информација за веќе пријавениот пожар во атарот на село Сушица, дека пожарот опасно се доближил на околу 500 до 600 метри пред селото од левата страна и се приближува кон првите неколку куќи од селото. Притоа било брзо реагирано, па и ТППЕ од Куманово биле запознаени и подготвени за интервенција за ако треба дополнителна помош од кумановска страна, но пожарникарите од БППЗ на Град Скопје успеале да го совладаат пожарот.
Пожарникарите Територијалната противпожарна заштита ТППЕ Битола, од 17:20 до 18:15 часот, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и стрниште во атар на с.Добромири.
Од 18:45 до 19:25 часот, пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и стрниште во атар на с.Кривогаштани.
ТППЕ Кичево имала една интервенција, при што брзо и ефикасно ја изгаснале запалена дрвена бандера и околниот простор до бандерата, со што не дозволиле пожарот евентуално да се прошири.
Според извештаите за работата на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, за време викендот биле примени повици во рамки на дневниот просек од 1.500 до 2.000: во саботата биле примени 1.676, а во неделата биле примени 1.514 повици за итни случаи. Најмногу повици биле упатени кон Полицијата и Итната медицинска помош. Но викендов, особено во саботата ЦУК имал над двојно повеќе итни сучаи за комбинирано решавање.
Конкретно, ЦУК решава итни случаи од вкупниот број „реални“ повици, во просек од 4 до 10 % од пријавените, а овој викенд особено во саботата тој просек бил 22% – што значи дека имало многу повици за комбинирано дејствување. Тоа, всушност, е и податок дека ЦУК координирал интервенции над двојно повеќе од вообичаениот просек при што, покрај дејствувањето на Полицијата, Итната медицинска помош, Пожарникарите и АМСМ, од ЦУК било координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од Системот за управување со кризи (СУК) согласно оперативните
На крај ЦУК препорачува да се обрне внимание на апелите на АМСМ дека, заради поројните локални врнежи, согласно и препораките, мора да се препорача прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово, Кочани – Делчево, а и на делницата Куманово – Крива Паланка.
Дума.мк