ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари на отворено

Објавено на 31 август, 2023 во 12:31

Во текот на вчерашниот ден имало 19 пожари на отворено и сите се изгаснати, а во моментов нема активни пожари, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш кон Ораовица во Радовиш, во близина на Мирјанина Црква во Штип, во Неготино, во Теранци, Уларци, Пожаране, Бервеница, кај патарината Гостивар – Тетово, улицата „Бистрица“ во Охрид, населбата Превалец во Велес, Радиовце во Боговиње, Алданци во Крушево и два пожара во Сарамзалино и Ќоселери во Лозово, соопштија од ЦУК.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.