ЦУК: Вкупно 1.894 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата

Објавено на 16 јануари, 2024 во 11:05

Центарот за управување со кризи – ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 42,70%, а 57,30% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 50,00%, кон Итната медицинска помош 41,72%, кон пожарникарите 3,79%, а кон АМСМ 1,03% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, 1.101 повик за итни случаи на 112, се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 3,45% со другите 57,30% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање.

Како што појаснуваат од ЦУК, тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.