Денес сончево со температури до 19 степени

Објавено на 27 април, 2023 во 09:49

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, известуваат од УХМР.  Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.