Денес умерено облачно, од утре сончево и потопло
Објавено на 17 март, 2023 во 09:32
Времето денеска ќе биде умерено облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Температурата ќе се движи од минус 6 до 14 степени.
Првиот ден од викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -5 до 1°C, а дневната од 12 до 18°C.
Дума.мк