Денеска облачно со температура до 14 степени, утре со повремен локален дожд

Објавено на 28 декември, 2021 во 09:31

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини и речни долини особено претпладнево ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно. Особено претпладнево ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно време а ќе има појава и на повремен локален дожд, додека од четврток па натаму времето ќе биде променливо облачно а ќе има и сончеви периоди. Температурите ќе бидат натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

За време на новогодинашната ноќ пак времето ќе биде ведро и не многу студено со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурите ќе се движат во интервалот од 1 до 8 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.