Денеска се празнува Светиот вештеномаченик Јеротеј

Објавено на 17 октомври, 2023 во 08:25

Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којштo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.