Денеска сончево и топло, викендов променливо облачно и нестабилно време
Објавено на 26 мај, 2022 во 09:10

Времето денеска сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во петок попладне и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град.
Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.
