Димитров наместо Заев ќе патува во Белград на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“
Претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров наместо Зоран Заев ќе присуствува на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Белград , соопштија од Секретаријатот за европски прашања.
Како што се додава во соопштението: Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, а потоа ќе биде одржана и прес-конференција.
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата, се наведува во соопштението.
Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на климатскиот самит, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски.
– Силна поддршка за „Отворен Балкан“. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје – напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „Будуќност-Србија“, со фотографии од Глазгов, пред почетокот на Самитот „KОП26“.