Државниот инспекторат за труд казни 30 работодавачи за непочитување на мерките за топло време

Објавено на 17 јули, 2023 во 13:33

Поради воведување на новите владини мерки за заштита од високите температури, Државниот инспекторат за труд врши зачестени контроли на терен, а од вкупно 164 надзори, кај 30 работодавци се изречени забрани за вршење работа, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тернчевска.

Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

-Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, се вели во соопштението од Владата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.