ДС: Признание и бенефициран стаж за здравствените работници
Демократскиот сојуз предлага на сите здравствени работници додека трае пандемијата да им се пресметува бенефициран стаж. За 12 месеци ефективна работа да им се пресметуваат 16 месеци. Со зголемен процент да им се пресметува пензиската основа, да се разгледаат и други погодности.
-Воедно предлагаме Собранието на Македонија да донесе резолуција за трајно одбележување и признание на здравствените работници. За несебичното ангажирање и пожртвуваност за време на пандемијата и придонесот што го имаат во заштитата на инфицираните од коронавирусот. Заболените од КОВИД 19, лекарската грижа и изложувањето на себе си и на семејствата е огромна опасност по здравјето, додадоа од Демократски сојуз.
Тие иницираат расправа за овие предлози и очекуваат Владата и Собранието да ги преточат во соодветни законски решенија.
Истовремено, апелираме најавеното зголемување на платите за здравствените работници да се реализира што е можно побрзо. Инаку, соодветен респект заслужуваат и вработени во други области, како што се припадниците на полицијата, трговските работници во малопродажбата итн, велат од ДС.