ДЗС: Годишно се иселуваат 12.000 луѓе од земјава
Државниот завод за статистика ќе ги презентира проекциите за населението во Македонија до 2070 година. Иселувањето е клучно за демографската иднина.
Резултатите од анализираните податоци од проекциите на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба ако не се интервенира со соодветни решенија, велат од ДЗС.
Според податоците, годишно во просек околу 12 илјади лица се иселуваат од земјата. Освен со иселувањето, Македонија има проблем и со низок наталитет.
На настанот, што ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, најавено е обраќање на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.
По 1998 година, ова е вторпат како Статистика прави вакви проекции.
Дума.мк