Пронајдена радиоактивна риба кај Фукушима!
Објавено на 22 јануари, 2013 во 13:37
Кај рибата која е пронајдена во Фукушима е забележана рекордна радиоактивна контаминација, 2.500 пати повеќе од лимитот.
Неколку години по нуклеарната катастрофа во Фукушима која следеше по катастрофалниот земјотрес и цунами на 11 март 2011 година, на 18 јануари е пронајдена риба во близина на нуклеарна електрана. Кај рибата е забележана рекордна радиоактивна контаминација, 2.500 пати над легалниот лимит.
Рибата е за 2.540 пати повеќе озрачена од дозволеното, но на неа не се забележани никакви дегенерации и промени на физичкиот изглед. Енергетската компанија “Тепко” поставила мрежи во морето, во радиус од 20 километри околу централата, надевајќи се дека на тој начин ќе ја намали миграцијата на рибната популација надвор од таа област.
