Сто фабрики затворени во Пекинг поради презагаденост!
Во Пекинг привремено се затворија повеќе од сто фабрики кои ја загадуваат животната средина.
Така одлучија властите и оваа одлука ја донесоа поради високото опасно ниво на загаденост на воздухот во Пекинг и северна Кина. Втор пат за две недели поради густата магла од смог воздухопловните компании беа принудени да ги откажат летовите, а предупредување до населението да остане на затворено испратија властите.
Видливоста во центарот на Пекинг денеска беше намалена на 200 метри, а пешаците и велосипедистите повторно носеа маски, пробивајќи се низ смогот и покрај предупредувањето на властите дека загадувањето е сериозно.
Во некои делови од североисточна на Кина видливоста е помала од сто метри.
Смогот овој пат освен здравствени проблеми предизвика и главоболки кај патниците, бидејќи во Кина ова е прва недела на почетокот на транспортниот хаос и на патувањата на луѓето од едниот до другиот крај на земјата за да бидат со своите семејства за кинеската Нова година на 10 февруари.
