Денеска се одбележува Светскиот ден на водата
На просторот од Словенија до Македонија се планира изградба на повеќе од 570 хидроцентрали со инсталирана моќ поголема од 1 мегават со што се доведува во прашање најзначајното природно богатство на Европа – реките, посочуваат меѓународните организации кои работат на полето на заштита на природата, Euronatur и Riverwatch.
Денеска се одбележува Светскиот ден на водата.
Претседателот на Меѓународната организација за зачувување на реките Riverwatch Улрух Ејхелман тврди дека голем дел од планираните проекти се во спротивност со европската легислатива и меѓународните конвенции.
Претседателот на Euronatur, Габриел Швадерер, пак, истакнува дека изградбата на хидроенергетските проекти се наложува без никаков обѕир спрема луѓето и природата, дури и во национални паркови, а тоа е неприфатливо и го попречува потенцијалот за одржлив економски развој во земјите на Балканот.
Според нив, Балканскиот Полуостров е единствено место во Европа каде се уште постои разновидност од недопрени реки, кристално чисти потоци, пространи речни долини, недопрени крајречни шуми, спектакуларни водопади, па дури и карстни подземни реки.