Протестираа граѓаните против загадувањето од Железара
Со заштитни маски и пароли “Сакаме чист воздух“, жителите на скопска Железара и Автокоманда на протести поради загадениот воздух кој го дишат со години. Ги блокираа улиците во населбата. Велат со години дишат на шкрги поради чадот од оџаците на фабриката Железара. Се жалеа, навечер е најтешко.
Железарци побараа од надлежните да ја санираат состојбата и да побараат одговорност од фирмите кои го загадуваат градот. Најавија порадикални протести.
Минатиот месец Владата дозволи одложување на роковите за еколошки дозволи на Макстил и Југохром до крајот на октомври годинава, кога компаниите треба да ги комплетираат сите технолошки процеси, или ќе се соочат со казни од повеќе стотици илјади евра. Еколошките дозволи се согласно европската регулатива и треба да гарантираат дека индустриските капаците нема да ја загадуваат животната средина.