Еколошки протест во Скопје
Објавено: 2 јули, 2014, во 07:36 часот
Загрижени граѓани поради загадувањето во Скопје денеска попладне ќе одржат протест на кој ќе го искажат својот револт против најголемиот загадувач во градот, фабриката Железара.
Протестот ќе се одржи пред главниот влез на фабриката, кај стадионот Металург.
Почетокот на граѓанскиот протест е закажан за 17 часот.
