Нова сеча на дрвја во центарот на Скопје
Објавено на 19 јули, 2014 во 14:48
Нова сеча на дрвја во центарот на Скопје. Повеќе стебла денеска се урнати на улица Мито Хаџивасилев Јасмин, спроти зградата на некогашна НИП Нова Македонија, каде што се наоѓаат неколку државни и владини институции и министерства, јави Либертас.
Цивил, која првично информираше за оваа вест прашува под чија надлежност е овој дел од центарот? Кој дал дозвола за уште едно дивеење и уништување на зеленилото во градот? Кој ќе сноси одговорност? Кога? Граѓани кои биле на местото на настанот велат дека сечата ја извршиле екипи на Паркови и зеленило со објаснување дека станувало збор за стари дрвја.