Југохром, до крајот на месецов, ќе го запре производството
Комбинатот Југохром од тетовско Јегуновце престанува со работа за две недели. Министерството за животна средина овојпат нема да го пролонгира рокот за исполнување на еколошките стандарди ниту ќе прогледа низ прсти за непоставувањето на филтри на оџаците, вели министерот Нурхан Изаири кој денеска беше во посета на Тетово.
Како што пренесе 24 Вести, вториот голем загадувач Макстил на кого му беше даден дополнителен рок се уште не ги исполнува условите за добивање на А-интегрирана дозвола но ќе го испочитува барањето на министерството и од 1-ви ноември престанува со работа.
Скопска Железара периодот на затворање ќе го искористи за поврзување на старата со новата опрема, а по новата година повторно ќе почне со работа но како индустрија исполнувајќи ги светските еколошки стандарди.
