САД со мониторинг на загадувањето на воздухот во градови каде има отворено амбасади
САД одлучија да вршат мониторинг врз квалитетот на воздухот на градови во странски земји, каде што имаат свои дипломатски претставништва,пренесе Локално.мк. Засега Вашингтон не одлучил дали меѓу градовите со контрола врз чистотата на воздухот ќе фигурира и Москва, но соопштението уследи за време на изјава на државниот секретар Џон Кери.
Засега не можеме јавно да соопштиме кои дополнителни места ќе бидат вклучени во мониторингот, кој беше споменат од државниот секретар, рече претставник на прес-службата на американската надворешна завод. Неодамна Кери ги изброи земјите во кои американските амбасади ќе остваруваат контрола врз чистотата на воздухот.
Податоците ќе бидат објавени отворено на официјалните сајтови на релевантните американски дипломатски претставништва. Според владата на САД оваа информација ќе е корисно за американски граѓани кои патуваат таму. Особено важна е таа за луѓе со болести на дишните патишта и во некои случаи може да биде од витално значење, објасни Кери. Тој рече дека се надева оти на тој начин да се зајакне меѓународната соработка за борба против загадувањето на воздухот на планетата. Очекуваме и Скопје да влезе на листата со оглед на големото дипломатско претставништво на САД , па да видиме и од САД колку е загаденоста на македоснката метропла/ ТАСС