Тетово,Скопје,Битола и Кавадарци најзагадени градови
Објавено на 15 декември, 2015 во 09:33
Најзагадено е во Тетово каде што повеќе часови концентрациите не паднаа под 900 микрограми, а максималната измерена е 996 микрограми. Во Битола во текот на ноќта максималната концентрација достигнала 577. Во Скопје најзагадено ноќеска било во Лисиче со 823 микрограми, Центар 676, Карпош 498 и Гази Баба 446.
Во Кавадарци во текот на ноќта концентрациите ПМ10 изнесувале 264.
Утрово најзагадено е во Тетово со измерени 342 микрограми, во Центар 297, во Лисиче 286, Гази Баба 237, Битола 199 и кавадарци 64 микрограми на метар кубен.