Горивата поскапеа за половина до денар ипол!
Објавено на 20 ноември, 2012 во 08:35
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се повисоки од 0,5 до 1,5 денари по литар.
Според најавите на Регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС-95 е повисока за 1,5 денари и чини 80 денари, додека Еуросупер БС-98 има за еден денар повисока цена и сега изнесува 81,5 денари за литар. За половина денар е зголемена цената на Еуродизел и Екстра лесното гориво и сега чинат 72,50 односно 61 денар за литар.
Килограм мазут сега чини 43 денари.
Причината за зголемувањето на цените на дериватите е зголемувањето на курсот на доларот за 1,71 отсто во услови кога просечната цена на нафтата, на светските берзи, не претрпела промена во изминатите петнаесет дена.