Био електрана во Србија!
Сремска Митровица,три дена, се грее на биомаса, масло од сончоглед и отпад од „Викторија груп“ во Шид.
Во Градската топлана е инсталиран нов котел кој ја користи биомасата како енергетски извор. До петокот становите и сите деловни простори во Сремска Митровица, беа затоплувани од природен гас.
Електропривреда Србија новиот котел во топланата почна да го инстали есенва за што вложи 2,5 милиони евра. На свеченото пуштање во употреба претседателот на владата на Војводина, Бојан Пајтиќ, најави дека во наредните четири години, во осум топлани и термоелектрани ќе бидат инсталирани котли на биомаса, кои гарантираат заштеда на енергија од 20 до 40 проценти. Во нив ќе се вработат 50 луѓе.
Со овој проект Сремска Митровица ќе добие евтина топлинска енергија за греење на 3500 станови и канцелариски простор со површина од 80.000 квадратни метри.