Автомобилите луксуз и во Македонија!
Народна банка на Македонија, во анализата за 2012 година, забележува забавување на кредитирањето на домаќинствата. Граѓаните најмногу се задолжувале преку потрошувачки кредити и кредитни картички, додека кај другите видови на кредити има негативна стапка на раст. Во овој период подраматичен пад на кредитирањето било забележано кај автомобилските кредити, каде во третиот квартал има подлабока негативна стапка на раст. Граѓаните се повеќе земаат денарски отколку девизни кредити,соопшти во анализата НБМ .
Она што почна како тренд со почетокот на 2012 та година, го одбележа и третиот кавртал а тоа е прастот на нефункционалните кредити. За зголемување на салдото значае придонес има токму – приватниот сектор. Така во октомври годинава во однос на истиот месец лани нефункционалните кредити се зголемиле за 18,8%, што претставува една од најголемите измерени стапки на годишен раст од почетокот на годината.
Нефункционални кредити во третиот квартал изнесувале 9,9% додека во месец октомври 18,8% .
“Во октомври 2012 та нефункционалните кредити на претпријатијата продолжија да растат со што стапката на нефункционални кредити достигна највисоко ниво во кризниот период од 11,2%. Забрзаниот раст може доплнително да се одрази и на стапката на кредитниот раст,“ пишува во најновиот извештај на НБРМ.
Во исто време се повеќе граѓани и фирми не можат да си ги подмират доспеаните кредити.